Чудесно будење – во годината на Маите
„Камен темелникот“ на овој блог е удрен во истиот ден кога беше
продаден рудникот Иловица на некоја канадска компанија. Кога следниот
ден се разбудив, се
сетив дека го сонував Ганди, како таинствено ми се смешка и ми вели – А што ќе
правиш сега, кога стигна до Ѕидот? Интересно, тоа е стих од една песна на
хрватската група Хаустор?
and what are you gonna
do now, when you've reached the Wall...
Тој, облечен во неговиот фустан од природни материјали...
Добро, еден сон заврши. Битно, во умот да се зачува добрата
мисла. И во срцето да нема пристап никаква грдотија од евентуалните бизарни
асоцијации. И онака е доволно нејасно, за каков империјализам би се работело
тука, во нашата мала државичка, кога апетитите фрчат насекаде, а помош од
никаде.
Епа, Господ не помага додека сами не се впрегнеме. Со сите
сили, како Едно. Но на овие простори заедништвото е .....ууууух.... на работ на
можното... една обична филаделфија, братска љубов, нели... За првпат, се
прашувам, а нели е можеби подобро што е така? Не може сè да е така како што сакаме. Не
за џабе се вели дека во секој неуспех е содржано семето на поголемиот успех...
Продукција Стварност
Iggy Pop
The Passenger
И се разбира, да им посакаме ДОБРЕДОЈДЕ
but of course.......... *...HIT THE ROAD JACK!